Партениј Бигорски златно теле

Во низата канонизации на “светители” кои непризнатата МПЦ-ОА ги направи оваа година, од Facebook коментарите и од пораките упатени до Соборно Православие, дознаваме дека оваа непризната црква негува посебен однос кон ликот и делото, не на Христос од соборната црква, туку кон игуменот во раскол Партениј.

За очекување е во низата канонизации да го канонизира за светител и расколничкиот игумен Партениј бидејќи неговите духовни чеда веќе го сметаат, како што самите се изразуваат за “жив светец” и според пораките спремни се и животот да го дадат за него, спремни се друг живот да одземат или макар со тупаници да се пресметаат со секој кој мисли спротивно!

Коментарите на жените вернички од друга страна се полни со очај и патетика.

Значи оваа нездрава, нехристијанска духовност е слика и на самиот Партениј.

Тој можеби успеал да направи убави одаи во неговото пребивалише, успеал да биде добар во однесувањето со посетителите, да приредува достојни забави, приредби, бденија итн.

Но конечно, тој и неговиот манастир не се културолошка, психо-социјална оставштина. Тој не успеал да изгради од нив вистински слободни личности во Христа, кои ќе ги извади од ропството на расколот, туку гледаме изродил убијци, насилници, очајници, квази теолози, кои ги врзал, не за Христа и за Соборната Црква, туку идолатриски за себе како за златно теле.