За “Изгрев” биле испрани повеќе од 6 милиони евра.

Расколничкиот клирик Белчовски се потпишувал и ставал печати на документите за “Изгрев”, расколничката МПЦ лажела дека тоа е фалсификат, графолошкото истражување покажало дека потписот на Димитар Белчовски и печатот на расколничката МПЦ се автентични.

https://www.youtube.com/watch?v=https://www.youtube.com/watch?v=0q215KYv5z8

Пред неколку денови докажаниот лажец Белчовски, по налог на расколничкиот архиепископ Стефан, се појавил на суд, повторно лажно да сведочи против Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија.

Мнозина расколници ќе речат дека тоа го прави од што има многу голема љубов и во лицата на припадниците на Православната Охридска Архиепископија го гледа Христа, посебно сега за време на Великиот Пост.

Други ќе речат, пак, дека отплаќа стари сметки за случајот “Изгрев”!

Како и да е, се добива впечаток дека заради трулежни лични интереси, расколничката МПЦ ем ги загрозува преговорите кои би ја извлекле од расколот, ем никој не може да гарантира дека еден ден криминалот за “Изгрев” нема повторно да дојде на дневен ред.

Заради свои бизниси архирасколникот Стефан остава луѓето да умираат во раскол, во кој, според православната теологија, нема спасение. Со лаги и криминал расколничката МПЦ никогаш не ќе може да стане Црква, туку со покајание за расколот и барање прошка за тој грев кој води во вечна погибел.