Денес не постои човек во Македонија на кого не му е познато дека еден од условите за напредување на нашава земја во интегративните процеси е решавањето на проблемите со медиумите за кои во повеќе релевантни извештаи на релевантни организации недвосмислено се вели дека манипулираат за политички интереси, користат говор на омраза, демонизираат луѓе кои не мислат како нив, со што ги погазуваат професионалните стандарди во новинарството…

Овие ставови не се однесуваат на апстрактини средства за информирање и не се однесуваат на апстрактни новинари.

Едно од тие политички гласила е и „Дневник“, а еден од тие новинари-манипуланти е и политичкиот комесар Бранко Ѓорѓевски, кој кога-тогаш ќе понесе одговорност за лагите со кои ја труе јавноста во однос на црковните теми во земјава.

Прво, во недостаток на став на расколничката, „глувонема“ МПЦ, Бранко Ѓорѓевски ја добива палката да биде нејзин видлив портпарол, бидејќи и расколничката МПЦ и комесарот Бранко Ѓорѓевски имаат исти интереси, а тие интереси се – политичките интереси. Расколникот Бранко Ѓорѓевски и расколничката МПЦ им служат на политички цели кои своите корени ги имаат во тоталитаристичката идеолошка матрица.

А политичките цели се постојано да им се суди на архиепископот Јован, на двајца епископи, на свештеници, монаштво и верници на ПОА, за на тој начин да се спроведуваат тоталитаристичките политичко-расколнички уцени врз соборната црква.

Затоа, нашиот став како верници од Соборното Православие, бил и одлучно останува – со варвари кои ја гонат канонската црква во Македонија, ПОА, не треба да се преговара сѐ додека си го манифестираат и живеат нивниот варваризам.

Бранко Ѓорѓевски досега стопати покажал дека нема капацитет да сфати дека нас во Соборното Православие ништо не ни недостасува. Таква му е културата, без некој капацитет. Расколниците се тие што молат за дијалог од што јасно произлегува дека нешто нив им недостасува. Ние никаде не се брзаме, а на расколниците ако им се брза имаат шанса да прекинат со судскиот вараваризам и тоа многу бргу.

Бранко Ѓорѓевски дури нема ни капацитет да разбере дека Македонија, сакала неќела, ќе треба наскоро да стане целосно слободна демократија, а не како што сега е одредена како делумно слободна земја. На Бранко Ѓорѓевски ќе треба да му стане јасно дека ако може да биде регистрирана верската заедница на Синадиновски, ќе мора да може и ПОА. А ќе му стане јасно кога ќе му кажат, верен поданик е тој.

Затоа, што би рекле на запад, Бранче take it or leave it, бидејќи времето во кое изигруваш advocatus diaboli полека но сигурно ти истекува.