
Претседателката на владината Комисија за односи со религиозните групи, Валентина Божиновска, изјавува дека: „недозволиво е во време на пост, христијанин на христијанин да ви фрла грозни бомби. Малку да има памет лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе рече јас ова не го правам за време на строг пост. Ова е поткопување на религијата, на демохристијанскиот принцип, на културата, на традицијата, ова е војна меѓу Македонците и Македонците. Ајде ќе се удавиме сите меѓусебе. Направи таква методологија, за време на пост го разруши принципот. Сето тоа што го градела ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија, тој го разурна за време на строг пост“ – додава Валентина.
Во своето „демоно-христијанско“ лицемерие Валентина Божиновска заборава дека и таа ја гони за време на строг пост, ни повеќе ни помалку, самата Црква Христова.
Малку да има памет Божиновска, ќе си рече, јас не треба да го правам ова, не само за време на строг пост, туку воопшто во животот не треба да ја гонам Црквата!
А, власта во која таа учествува го судеше Архиепископот охридски Јован на Велики Понеделник (09.04.2012), а го судеше Архиепископот Јован, потоа ги судеше и останате Епископи, свештеници, монаштво и верници на Православната Охридска Архиепископија дури и на трет ден Велигден (07.05.2013). Во случајов националноста и не е толку битна, но и Валентина учествува во прогон на Македонци.
Со тоа што не го крена својот глас против, но напротив јавно го подржува прогонот, Валентина го разруши православниот принцип да не учествува во лажни обвинувања и никого да не фрла неправедно по судови.
Сето тоа што го градела Соборната Црква низ вековите, нејзиниот расколнички менталитет го разруши за неполн политички мандат!Сите ние ќе дадеме одговор кога ќе застанеме пред Бога, а бездруго, кога ќе дојде денот да застане пред Бога, одговор ќе даде и Валентина Божиновска за нејзиниот дел од суровиот прогон врз канонската Црква во нашата татковина, Православната Охридска Архиепископија.
Напишете коментар