Таг: Георги Тасев (Страна 2 од 2)

Георги Тасев: КОГА МОЛКОТ ЗНАЧИ ЗБОРУВАЊЕ

Анализа по коментарите на новинари, самопрогласени експерти и по соопштението на ВМРО-НП за пораките на Рускиот Патријарх од Белград

Прочитај повеќе

дипл. правник Георги Тасев: PROBATIO DIABOLICA

Коментар на измамничкото писмо на г. Стефан, објавено на повеќе јазици и лиферувано ширум Православието.

Таканареченото „ѓаволско докажување“ во правото се користи како термин во една постапка кога тужителот (во случајов МПЦ) докажува дека е сопственик на предмети (пари и имот), кои наводно се наоѓаат во фактичка власт на тужениот („присвоени“ од Архиепископот г. Јован, а „стекнати“ со кривично дело затајување).

Тоа „ѓаволско докажување“ г. Стефан го вршеше изминатите 12 години, поминати низ судските лавиринти на корумпираното македонско судство, докажувајќи дека Архиепископот г. Јован е криминалец, па малку му беше тоа, за сега да реши своите „ѓаволски докажувања“ да ги објави и ширум Православието, преку писма, наместо со покајание да се соземе и врати во канонскиот поредок на Црквата.
Се прашувам, како ли сега, споменатите во неговото писмо „аргументи“, г. Стефан ќе ги докажува пред црковниот суд, каде што наскоро ќе треба да се појави?

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Анализа на одлуката за покренување црковен суд против г. Стефан

Расколничкиот митрополит г. Тимотеј за „Утрински Весник“ (26.08.2014), изјави: „сите одлуки на СПЦ немаат никаква важност во земјава“. Се разбира, возможно е одлуката за црковен суд врз архирасколникот г. Стефан да не важи за одредени кругови во земјава! Но, тоа само сведочи за духовниот провинцијализам на тие кругови, бидејќи, од друга страна, таа одлука 100 % ќе важи за целиот, нормален православен свет.

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Коментар во однос на последниот Извештај на американскиот State Department за верските слободи во Р. Македонија

САД, години наназад, во нивните извештаи повторуваат една иста фраза, дека: во Р. Македонија генерално има слобода на вероисповед. Останува непознато, според кои критериум САД ја даваат оваа определба. Оваа, за мене смешна определба – генерално, не значи ништо друго освен дека на поголемите верски заедници им се почитуваат слободите, а на помалите: НЕ!

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Расколот почива на лаги, а татко на лагата е непомјаникот

На 18. 06. 2014 год., во „Дневник online“, новинарот и „експерт“ по црковни прашања Бранко Ѓорѓевски објави текст со бомбастичен наслов, „Грчката црква има свои ученици во Македонија“ и схизофрен наднаслов „Непризнаениот статус не е пречка“. Јас немав намера да полемизирам со Ѓорѓевски, доколку тој не напишеше вакво нешто, ваква провокација. Но откако напишал, заради вистината, ред е мислам ѝ да му се одговори.

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Коментар кон колумната на Радмила Заревска – Мотивациски говор, од партиско-полициска фиока

Рускиот ветер повторно ги разбранува македонските едра. Исто како и пред 10 години кога блажено починатиот Патријарх Павле беше во Москва кај тогашниот Руски Патријарх Алексеј II. Во таа пригода, Патријархот Алексеј, обраќајќи се до македонската јавност, гласно објави една многу голема вистина, која гласеше буквално вака: 

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Реплика на новинарски текст – Расколнички диоптер за самозалажување

Деновиве во медиумите излезе уште еден, пропагандистички, без содржина памфлет, кој повторно се занимава со Православната Охридска Архиепископија. Автор на текстот е дежурниот одработувач на валканите работи, познатиот „експерт“ за црковните прашања, г. Бранко Ѓорѓевски, во чии написи никогаш како страна нема да ја чуете Црквата, туку еднострано, само ставовите на истите партиско-полициски структури, кои го создаваа расколот во нашата татковина.

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Анализа на текст објавен во Дневник на 18 Март 2006

Расколничките цркви не чекаат за влез во Соборна Црква, бидејќи нема никогаш да го дочекаат. Тие треба да се преумат во однос на состојбата во која се, и ќе бидат примени според веќе познатите правила кои постојат во Црквата. Едно од тие правила вели дека томос за автокефалија на некоја автономна црква се доделува на предлог на мајката Црква! Во случајот со МПЦ, тоа го прави СПЦ.

Прочитај повеќе

Георги Тасев: Гледачи, кои не догледуваат!

Навистина е тажно кога дел од македонските интелектуалци, каков што е на пример и г. Димитар Мирчев, професор, дипломат, советник, не ги перцепираат објективно црковните, но и демократските (не)прилики во сопствената земја, а токму поради позицијата која ја имаат во општеството, повикани се и да ги познаваат и протежираат демократските вредности.

Прочитај повеќе

Страница 2 од 2

Овозможено од WordPress & Темплејт на Anders Norén