(извадок од завршниот збор на Архиепископот охридски Јован, за предметот V.KOK бр. 59/12, изговорен на 08.11.2016 година)
Прочитај повеќеТаг: Архиепископ Јован (Страна 1 од 3)

На празникот „Животоприемен извор”, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“, во Битола. Празникот „Животоприемен извор” е слава на истоименитата црква, што власта во Р. Македонија ја сруши во 2004 година.
Прочитај повеќе
Сведоци сме дека веќе подолго време и нашата татковина е на некаков крст. Званично, прогласена е револуција, без оглед што таа го носи името: „шарена“. Секоја, пак, револуција се прави заради превреднувања на вредностите. Нешто што е многу потребно на општеството во кое живееме. Вредностите што се усвоени уште од времето на комунизмот останаа, за жал, во нашево општество непревреднувани. По падот на комунизмот речиси ништо не променивме од лажните вредности и последиците од тоа ги трпиме денес.
Прочитај повеќе
Пред неколку денови (поточно на 20.03.2016 г.), на интернет страницата на струмичката епархија на Македонската Православна Црква (МПЦ), која е во раскол со сите Православни Цркви во светот (http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=6613), излезе текст со наслов: „Автономија како црковна аномалија”, потпишан од митрополитот струмички на расколничката МПЦ, г. Наум. Бидејќи текстот се допира до една од темите за Големиот Собор на Православната Црква што треба да се одржи од 16-27 Јуни 2016 г., на Крит, како православен Архиепископ на територијата на која се протега неговата епархија, не би сакале да ги премолчиме невистините, клеветите и многуте теолошки промашувања изнесени од гореспоменатиот митрополит. Од нашето влегување во единство со Православната Црква во Јуни 2002 г., па сѐ до денес, не сме пропуштиле да дадеме одговор на сите невистини и погрешни учења што се изнесени против нас и Црквата во нашата татковина, било од страна на претставници на расколничката МПЦ, било од владини претставници во Р. Македонија, било од поедини средства за информирање.
Прочитај повеќе
Во недостаток на теолози од нејзиниот клир, синодот на расколничката МПЦ немо ги проследува случувањата околу сеправославниот Голем Собор, што ќе се одржи на Крит, Р. Грција, во Јуни, оваа година (на кој ќе учествува и автономната Православна Охридска Архиепископија). Поточно речено, ги проследува случувањата во агонија и низ призмата на единствените „теолози“ што ги има (Бранко Ѓорѓевски и Марјан Николовски), кои, пак, се поставени од редовите на политичките назначеници, како што релевантната меѓународна јавност го именува оној дел од новинарите во нашата земја, што се финансираат од политичари и застапуваат дневно политички интереси.
Прочитај повеќе
Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, на 11 Октомври 2015 год., одржа предавање на тема: Страдањето на Црквата во Р. Македонија во 21 век – Македонскиот раскол.
Прочитај повеќе
Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на 17-годишнината од епископската хиротонија изговори вдахновена омилија, во која истакна дека страдањето за единството, коешто паѓа на припадниците на канонската Архиепископија, не е за срам, туку за секоја пофалба.
Прочитај повеќе
Игуманот на Валаамскиот манастир, посветен на Преображението Христово, Епископот г. Панкратиј, со голема љубов и топлина го пречека Aрхиепископот Охридски Јован.
Прочитај повеќе
Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во средата од првата седмица на Великата Четириесетница ја отслужи првата Претходноосветена Литургија после цели четири години.
Прочитај повеќе
Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, вечерта спроти празникот Сретение Господово служеше празнично бдение во Воскресенскиот Новодевички манастир во Санкт Петербург.
Прочитај повеќе