На некаква си расколничка богослужба, расколничкиот митрополит Наум кажал една ваква реченица што викаат кумановци „за по куќу“, зашто расколничките обраќања и не излегуваат надвор од расколот, тотално се небитни за Црквата, па рекол:

На пример, кога еден верник ќе ја прифати таа шема (демек на верниците по црквите да им се всадувала во срцата шемата на поистоветување со овоземните форми на човечко организирање) потоа лесно можеш да му всадиш и една уште полоша, на пример: дека МПЦ-ОА е расколничка организација. Прифаќањето на оваа шема во срцето конечно го блокира патот за умот на оној што ја прифатил да влезе во своето срце.

Па, добро, изгледа дека со право архимандритот Сава дечански напиша за расколничкиот митрополит Наум, кога го запознал како Србин, а сега е покајан Македонец, дека со своите испади покажува и црковна и човечка незрелост.

pismo sv gora naum

Овој Дон Кихоте на расколничката МПЦ се бори со ветерници. Прво, еве баш цела Света Гора јасно и гласно и недвосмислено ја нарекува МПЦ – расколничка организација. И сега расколникот Наум, избеганиот без благослов од старецот Георгиј, им соли памет на сите светогорци дека им е блокиран патот за умот да им влезе во срцето. Ха – ха – ха – ха.

Во кој свет живее овој расколник? Цело православие ја смета МПЦ за расколничка, тоа им е јасно скоро и на сите трезвени расколници од МПЦ пошто гледаат дека нивните расколнички владици и клирици никаде во православието не служат литургија, но изгледа не му е јасно само на расколничкиот митрополит Наум.

Расколници од расколничката МПЦ отрезнете се. Среќна ви нова година и дај Боже баш оваа година да се покаете и преку покајание да се вратите во Соборното Православие.