На 18 Септември 2014 г., во центарот на Скопје, главниот град на Република Македонија, албанскиот политичар Н.Х., пред насобрани граѓани и поддржувачи ја прочита Декларацијата за формирање Република Илирида, додавајќи дека главен град на „новопрогласената република“ исто така ќе биде Скопје.

Ваквиот чин претставува тешко кривично дело против суверенитетот, интегритетот и безбедноста на Република Македонија како и рушење на Уставниот поредок на Република Македонија.

„Прогласувањето на Република Илирида“ го пренесоа сите домашни, но и голем број странски медиуми, преку кои се гради претстава за нашата татковина.

На настанот и 24 часа после настанот отсуствуваат вооружени припадници на МВР да апсат или спроведуваат во притвор.

Но, затоа во последниве 12 години, државните органи го затвораат Архиепископот охридски Јован, рушеа цркви, полицајците покажуваа невидена бруталност кревајќи рака на  свештеници, монахињи спроведувајќи ги со лисици по судови. Малтретираа родители пред нивните малолетни деца, немо набљудуваа како бодигарди попречуваат погреб на припадник на ПОА, и да не набројуваме понатаму. Едноставно удрија по Црквата Христова.

Е, затоа додека не престанат со прогонот, никогаш нема да го имаат благословот Божји и затоа ќе ни се случуваат вакви и пострашни нешта од ова „прогласување република“.