Деновиве се прошири информацијата дека нема да се отстапи од тоа да се создаде Албанска православна црква во Р. Македонија! Албанците не сакаат да играат за етно-клубот МПЦ.

На христијанскиот свет му е познато постоењето на канонска Албанска Православна Црква која е сеправославно призната, така што не е тешко да се претпостави што ќе биде најавената новосоздадена Албанска православна црква во Р. Македонија со поддршка од една политичка партија и иницијативен одбор.

Ете, тоа се рецептите и плодовите на расколничката МПЦ. Како е тргната оваа расколничка организација, еден ден веројатно самата ќе се изеде себе си.

Од тоа што ги обвинуваат сите околу нив дека немаат љубов, од злобата кон Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија, од тоа што ниту еден збор не кажаа за да го спречат прогонот, затворите, судењата, ударите врз Телото Христово, што сведочи за нивната помраченост и за нивното „христијанство“, расколниците ќе треба да си одговорат кој е виновен за ставот дека нема да се отстапи од создавање Албанска православна црква во Р. Македонија и кое би можело да биде решението за таквиот развој на настаните?

Во меѓувреме расколничките гуруа собираат свети мошти наваму-натаму. Па добро, ќе им објасни ли некој на тие гуруа дека единството и соборноста на Црквата не се состојат во колекционерството на мошти, туку во заедничкото сослужување на соборната Литургија. Не расколниците, не оние што веруваат во црквата на собирањето мошти, туку оние што се причестуваат на соборната Литургија, тие се Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.