Внатрешниот раскол е невосогласеност на самиот живот човеков со реалноста. На пример, внатрешен раскол е доколку некој на службата во неговиот храм чита како верува во Соборната Црква, а во пракса нема никаква врска со таа Соборна Црква. МПЦ, за жал, не е Соборна Црква, а симптоматично, не само што тоа не го гледа, туку мисли дека целиот свет околу неа е во раскол.

Ух, тоа и те како е внатрешен раскол. Во таква состојба, во таква збрка, којзнае што човекот подразбира под молитва и духовен развој. Затоа во Соборното Православие, вообразбите на апологетите на расколите под плаштот на средување на Црквата, благоречено се смешни. Во Соборното Православие и најмалечките дечиња се воспитани и многу добро знаат дека, надвор од Соборната Црква, умносрдечната молитва претставува, во поблага форма – сентиментализам, а во краен случај – опрелестеност!

Критериумот за Црквата не е умносрдечната молитва, бидејќи ние на Литургијата на велиме – Верувам во Црквата на умносрдечната молитва, туку Верувам во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Така на секој трезвеномислечки човек му станува јасно дека исихазмот не е критериум за Црквата, туку Црквата за исихазмот, односно тој е возможен само во Соборната Црква, а надвор од Соборната Црква исихазмот е своевиден гуруизам и средство за манипулација.