Д-р Најчевска во својата анализа прашува: „Што пропуштија да прашаат новинарите?

1. Зошто некој може да практикува верски обреди единствено во рамките на регистрирана верска заедница и со кое право се спречуваат луѓето слободно и јавно, поединечно или во заедница со други да ја изразуваат верата?

2. Зошто државата одбива да регистрира верска заедница која очигледно не ги нарушува: јавната безбедност, поредокот, здравјето и моралот или заштитата на правата и слободите на другите?

3. Што значи терминот „туѓа црква“, „расколник“ , „свој манастир“ во контекстот на слободата на вероисповед така како што е дефинирана во Европската конвенција за човековите права и како можат овие квалификации да имаат важност за судовите и утврдувањето на правниот субјективитет на една верска заедница?

Текстот во целост, можете да го проследите на овој линк.