Да резимираме една возбудлива седмица најмногу за да се издвои жолчката од белката и за да се заштитиме од сејачите на злото:

– Медиумите ја најавија добрата вест: Наскоро ќе пристигне одлуката на Судот за човекови права во Стразбур која вели дека нема пречки ПОА да биде регистрирана како верска заедница. Одлуките на овој суд се обврзувачки. 

– Одреден број на медиуми, некои повеќе, некои соодветно на своите уредувачки политики, препознаа дека ова прашање не е еднострано и конечно и’ дадоа шанса и на втората страна да ги искажува своите ставови.

– Писмо – нема. И точка. Што сакаше МПЦ-ОА да постигне со маалската финта, ќе покаже времето. Владиката Тимотеј јасно кажа: „Досега јавно не соопштив дека се испратени писма“.

– И покрај тоа, СПЦ уште еднаш ја повтори својата подготвеност дека „секогаш била и денес е отворена и подготвена за дијалог, со најдобра намера да даде одлучувачки придонес за воспоставување на канонски поредок, верски мир, и братска љубов во соседната и пријателска земја. Но, за да дојде до тоа, непходно е претходно да биде ослободен неправедно затворениот канонски Архиепискот охридски Г. Јован затворен и на маки изложен токму на барање на Црквата, која што се наоѓа во раскол.“

– Сите собитија деновиве покажаа дека конструктивноста на ПОА е, всушност, единствениот линк кој ја одржува недежта за решение на расколот на МПЦ-ОА.

– Сејачите на злото, сето ова претходно ги здоболе до коска зашто препознаа дека решенија се можни и дека со тоа ќе изгубат една добра емотивна приказна со која плашат „мали деца“ и ја држат во заложништво јавноста со мраковите на минатото.

– За да се извалка секоја конструктивна иницијатива, на медиумските и „експертските“ мегафони им се испорачани директиви да ги извалкаат сите прогресивни иницијативи и настапи и да го дефокусираат вниманието од суштината на овој проблем.

– Владиците на МПЦ, со исклучок на една две неофицијални изјави, сеуште молчат и оставаат некој друг да им ја бие битката.

Сето ова на виделина уште еднаш ја постави старата вистина: Проблемите се решаваат со дијалог, со активен пристап. Едноставно не е можно сите да ни се непријатели. Тоа е бегство од реалноста и промовирање илузија во која теророт на мнозинството и на ароганцијата од се’ и од секого прави непријател. 

И, најстрашно од се’ е, што тоа се претставува како природна состојба.

Сега е многу важно да се препознаат сејачите на злото за да ги заменат гласниците на добрата вест и добрата волја.