Да погледнеме накратко во блиското минато на МПЦ.

Во 2002 г, МПЦ го потпиша нишкиот договор, а после враќањето во Скопје, владиците на МПЦ плукнаа на своите потписи. Со таа постапка придонесоа во православниот свет на нив да гледаат како на неодговорни личности.

Потоа побараа државата да спроведе затвори врз Архиепископот Охридски Јован и судски прогони врз ПОА и тоа си го запечатија имиџот на тотално неодговорни луѓе.

Минатата година, од една страна испраќаат писмо до СПЦ за да продолжат со преговорите, а истовремено, од друга страна бараат Бугарската Црква да им станела мајка. Од Хунзи преку ноќ станаа Бугари. Симптоматично зарем не?

Со ваквите постапки ги изрезилија и ги наместија сите претходни премиери и пред меѓународната јавност, и видовме како неславно завршија, а очигледно го местат и сегашниов да им ги чува интересите на сметка на загубениот углед на државата заради размазената МПЦ која е во потрага по мајка. Паметните се учат на грешките, неразумните ги повторуваат. Кој има уши да чуе, ќе чуе.

Заради сите нивни фијаска како последново со Бугарската Црква мораат да создаваат лажни слики на успех, а всушност се тешки губитници и тие и угледот на земјата.

Во секоја сфера од општествениот живот кога некој ќе промаши носи одговорност. Владиците на МПЦ видовме дека ја резилат земјава кога ќе стигнат и ја брукаат каде ќе стигнат, а за нивниот резил заштитени се како посебна врста.

Архиепископството на г. Стефан е проследено само со промашувања. Има ли капетан во чамецот на МПЦ? Има ли некој што ќе понесе одговорност?

Еве и владиката Тимотеј научен да не носи одговорност за ништо, крајно аматерски и незрело изјави дека осетил како автокефалијата на МПЦ ќе била сеопшто призната за месец, два!

Од денес почнуваме да одбројуваме

Да видиме после месец, два дали ќе сноси одговорност за тоа што го кажа. Ако не сноси, и автокефалијата на МПЦ не е сеправославно призната до 31.01.2018, ќе мораме да го наречеме – лажго.

Можеби тогаш и некој друг од заштитената врста владици на МПЦ, ќе понесе одговорност за резилот што го прават на државава со нивните непромислености.

Ако имаат образ, а не ѓон.