Во вестите на ТВ Канал 5, денес (14.05.2014), се водеше дебата помеѓу новинарите Зоран Бојаровски и Бранко Ѓорѓевски.

Аргументите на соговорниците беа аргументи на иднината олицетворена во ставовите на Зоран Бојаровски и на минатото олицетворено во ставовите на Бранко Ѓорѓевски.

Претпоставуваме дека целта на двајцата почитувани соговорници и иста – враќање на МПЦ во канонското, во соборното Православие, во единство со сите православни цркви.

Новинарот Бранко Ѓорѓевски се навраќаше на тоа што се случило во минатото, особено во 1958 година. Но, што се случувало и каков бил резултатот во првото полувреме и не е толку важно! Важно е да го подобриме резултатот во второто полувреме и на крајот сите заедно да излеземе победници!

Затоа, доволно беше со непродуктивните враќања назад и доволно е тоа што денешните генерации припадници на расколот, иако директно не учествувале во тие настани од минатото, сега премногу скапо ја плаќаат цената на тоа што го правеле нивните претци.

Нека биде ослободен Архиепископот охридски Јован од затвор и конечно да се свртиме кон решавање на постоечките проблеми, конечно да зачекориме кон нашата заедничка иднина.