Во новото календарче на расколничката МПЦ за 2017г, може да се видат секакви небулози, ама две покажуваат дека издавачите на календарчето, односно нивниот САС, овојпат отишле предалеку и прашање е дали ќе знаат да се вратат.

Објавиле икона на „сите македонски светители“, а на иконата како Македонци се насликани Апостол Павле, свети Климент, па Јустинијан, па свети Наум… па ај да не набројуваме понатаму, греота за објавувачите. А таму во позадината на ореолите можда се крие и ореолот на Христос, па сега САС работи на докажување дека и он е Македонец.

Барем да имаа напишано дека на иконата се светители кои поминале низ географската област Македонија, човек некако и да разбере, ама да кажеш дека Апостол Павле е македонски светител, треба да си тотално забеган.

И после ставиле на едно ливче претенциозен наслов – Хронологија на христијанството во Македонија. На едно ливче 8 см на 11 см. Барем да ставеле некој наслов – Поважни датуми, мада и тоа е матно, ама вака да ставиш на едно ливченце хронологија за 2000 години, треба да си тотално забеган.

За содржината па да не зборуваме. Срамота е. Многу нивни искрени верници ќе се засрамат од демагогијата и небулозите.

Ставиле дека во „999г, римскиот епископ Григориј V ѝ доделил автокефалија на Преспанската Архиепископија, подоцнежна Охридска Архиепископија“, ама веќе само една година покасно, значи 1000г, глејте „подоцнежната Охридска Архиепископија римскиот епископ Силвестер II ја издигнал во ранг Патријаршија“. Следна дата е 1767г, како повеќе од 7 века ништо да не се случувало со христијанството во Македонија.

Овие се „луди и збуњени“, тотално забегани.