Бранко Ѓорѓевски

Во еден свој неодамнешен и, по обичај, пропагандистички текст, канта-тропа, политичкиот назначеник Бранко Ѓорѓевски, несакајќи го запечатува фактот дека МПЦ е расколничка организација со тапија.

Во неговиот партиско-полициски памфлет од 31.05.2016 г. со наслов „Руско-бугарска молитва за МПЦ-ОА“ и со индикативен наднаслов – ОДОКОЛУ, Бранко Ѓорѓевски ДИРЕКТНО и во повеќе наврати ги пишува следниве зборови:

  • на литургијата за сесловенските просветители началствувал поглаварот на непризнатата МПЦ,
  • Руската делегација нема проблеми со една непризнаена црква – каква што е МПЦ,
  • МПЦ-ОА не е канонски признаена и сѐ уште не е дел од семејството на православни цркви со регулиран статус,
  • чинот на осветувањето го извршија достоинственици на непризнатата (МПЦ) црква,
  • Бугарскиот епископ Тихон, јасно не учествуваше на службата за тоа што сме непризнаена црква и така натаму, и така натаму.

Бранко Ѓорѓевски почна да манифестира класична шизофренија. Од една страна сто пати повторува дека расколниците се непризната црква, а од друга страна вели дека тоа не е проблем за Русите и Бугарите. Демек Русите и Бугарите учествувале во некои церемонии со расколниците, а не гледа дека во такви церемонии денес се учествува секаде и речиси со секого, но расколниците се слепи за да видат дека на високиот клир на Русите и Бугарите на крај памет не им паднало да служат на расколничка „литургија“ и да се причестат со расколниците. Зошто? Затоа што тоа не го сметаат за православна литургија и причест. Сѐ друго е лук и вода.

Православната Црква е пред еден историски настан, одржувањето на големиот и свет Собор на Крит. Колку и проблеми да ѝ се случуваат, тие се случуваат внатре во Црквата, каде што секој има право да го каже и застапува својот став, после што Црквата ќе излезе победник и со уште поголемо искуство во организирањето на следните Собори.Така се покажувало секогаш низ историјата.

А, каде се расколничките епископи, свештеници, монаси од еМПеЦе во сето тоа? Ги нема, тие се на буништето од историјата, а за да ја зачуваат својата удобна позиција, таму сакаат да свлечат и што повеќе народ. Чекаат политичарите да им фрлат по некоја трошка, и какo што забележуваат интелектуалците, им ја затвораат вратата од антисоборен, тогаш кога им е наредено.

Решението на расколот на еМПеЦе води прекуканонската црква во Р. Македонија, а тоа е Православната Охридска Архиепископија. Расколниците ќе треба да се покајат за пучот што го направиле со помош на КПЈ. Во меѓувреме канта-тропа назначениците ќе си тропаат по кантите, а карванот ќе си врви.