Со расколникот г. Агатангел едноставно не вреди да си го губам времето. Тој си е своевидна маскота на еМПеЦе-то, нејзин најверодостоен израз. Затоа, после неговиот испад (05.10.2014, „Република“), ќе му посветам само неколку реченици.

Трагикоминчно е кога таква индивидуа се кити со туѓи пердуви при неговиот лет во место. Никој во православието не го признава за епископ на соборната црква, а тој е умислен дека е баш тоа. Во нормални околности би бил предмет на медицинска анализа. Не се расфрлаше многу со каноните на црквата и си седеше мадро кога шизматичката МПЦ го бираше за „владика“ – како татко на две малолетни деца. Сепак, едно е очигледно, г. Агатангел си одработува за вечната погибел, истовремено правејќи ги неговите колеги заложници на сопствената мизерија.

Во свеста на црквата шизматичкиот епископ г. Агатангел, заедно со оние кои не го кренаа гласот против неговото злодело, ќе остане запамтен по тоа што испрати бодигарди да попречуваат погреб на припадник на Православната Охридска Архиепископија во Кавадарци, покажувајќи на тој начин нечовечко однесување кон покојните.

Во време на војни се склучувале примирја за да може во мир да се закопаат мртвите. Затоа, за него не вреди повеќе да се зборува. Човек што го прави тоа, може ли да се нарече човек?