Некогаш ударна тема на сите медиуми, а денес само банална вест на неколку портали, проследена дури и со стари фотографии, само за да се затскрие овој дебакл на т.н. “Четврта светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог“.

Некогаш со повеќе гости, дури и по некој од православниот свет, телевизиски камери, медиуми, а денес, покрај присуството на пар будисти, дури и расколничката МПЦ ни да зуцне за настанов.

Честопати сме нагласувале дека владеачката партија, како маќеа на расколничката МПЦ, за МПЦ да не го изгуби тотално контактот со православните, покрај другото, како на некое дете и’ организира повремено и вакви журки, за да можат и расколниците од МПЦ по малку да се прошлепаат и да се офајдат.

Но овој пат, никој сериозен не ги испочитува расколниците со свое присуство.

Исто така сме нагласиле дека ние се радуваме кога некој православен ќе дојде кај расколниците, да им посведочи за љубовта и за единството, и ова сега не е наша зла-радост што никој не им дошол.

Но всушност, тоа е само еден голем сигнал дека МПЦ е прочитана книга и дека нема да може вечно да лаже дека таа е “автокефална” црква а не владина агенција за вера, која вистински мисли за излегување од погубниот раскол, кое еве, „само што не се случило“.

Тука под МПЦ не го подразбираме народот, туку само институционалниот дел на расколниците.

Се плашиме дека на следната “Петта конференција” во 2019 година, ќе останат само Вале и МПЦ да си ги поделат предвидените средства за конференцијата.

Јасно, ако воопшто има “Петта конференција”?!