Истакнатиот проф. Димитар Димитров во едно свое неодамнешно интервју, помеѓу останатото, зборуваше дека партијата на власт е војничка организација која го разорува и јаде државното, институционалното, индивидуалното. Зад тоа стои една секташка логика која претпоставува само наши и ваши. Тие луѓе се еден вид антрополошки плевел, истакнува Димитров.

Случајно или не, тоа е тоталитаристичката матрица на која постојано ѝ е потчинета расколничката МПЦ. МПЦ е секогаш дел од војничка организација, кој го разорува црковното и личносното, а зад тоа стои една секташка логика која претпоставува само наши и ваши. Со тоа што еМПеЦе-овските владици и монаси штитат една анахрона одлука за самопрогласена автокефалија, а знаат дека така не се добива автокефалија, и со тоа што уживаат да бидат обични потрчковци во војничките организации (било кои, само они да трчкаат), наместо да бидат Црква, покажуваат дека се еден вид антрополошки плевел.

До толку е расколот сраснат со тоталитаристичката идеолошка матрица, што очигледно расколничката МПЦ е само еден потчинет оддел во војничката организација. Сето тоа ќе се распадне со демократизацијата на татковината.