Просополатрија

Една група верници од Православната Охридска Архиепископија ја посетивме Света Гора, како што и редовно правиме, заради поткрепа во нашите духовни животи и за да чуеме по некој скапоцен совет од светогорските монаси за проблемите со кои се соочуваме во животот во градот.

Посетивме повеќе манастири и разговаравме со различни отци. Не го отваравме прашањето за нашата црква зашто се научивме да живееме со лошиот однос на власта кон нас. Но кога ќе чуеа од каде доаѓаме монасите се интересираа за состојбите и условите во кои живееме. Така разговорот ќе се наведеше и за прогонот што власта во содејство со расколничката МПЦ го спроведува кон нас, како и за теми поврзани со секојдневието. На пример еден од нас на мобилниот телефон им ја покажа на монасите фотографијата која е илустрација на овој текст, на која расколничкиот игумен Партениј се сликал со израз како од римокатолички статуи по нивните храмови, а под сликата изливот на душевност. Оваа фотографија и сличните изливи не се единствени, се среќаваат уште кај неколку расколнички гуруа. Уз пат значи ги прашавме отците дали е нормално во вакво нешто да учествува еден игумен па макар и расколник и дали се нормални изливите на сентиментализам. Ни остави впечаток дека без исклучок сите светогорски монаси со кои зборевме се потсмевнуваа со жалење кога ја гледаа фотографијата и сите до еден кажуваа иста дијагноза која ја нарекуваа на нивниот јазик просополатрија. Ни објаснија дека тоа има значење најблиску до идолизирање на личноста и обично се случува во средини во кои постои суштински недостаток ни рекоа светогорските монаси.

Оваа фотографија со текстот за расколничкиот игумен е класичен пример за просополатрија. Расколниците имаат голема празнина, дупка, суштински недостаток заради отсуството на соборноста. Некои ја игнорираат колку можат, иако на лицата им се гледа дека се во раскол, а други ја покриваат со вакви сентиш изливи на идолизирање на личноста. Тоа зборува дека тие луѓе не се родени за духовен живот, ниту пак идолизираната личност може да ги роди и да станат оформени како што децата растат и се осамостојуваат од родителите, а во однос на него зборува за патологијата на духовното очинство или псевдостарчество.

Монах да си ја продаде душата за раскол во кој според православната теологија нема спасение, тоа е неспоиво, ни рекоа монасите на Света Гора.

Сега они си знаат не им се мешаме ниту им ги правиме тие работи што они од нивната „љубов“ ни ги прават толку години, само за нашите читатели ја потегнуваме оваа тема за православниот гуруизам за која во православниот свет постојано се одржуваат симпозиони и се пишуваат текстови, а кај нас ни абер да стигне.