Свештеникот Георгиј Максимов од Руската Православна Црква служеше Литургија, проповедаше и одржа предавање во параклисот Свети Нектариј Егински, во Скопје.

После Литургијата одржа предавање на тема Догматот за Црквата – Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква како предмет на верата во Православието. Темата предизвика интерес кај сите присутни што го слушаа излагањето, по што следеа и голем број прашања.

Од одговорите на свештеникот Георгиј Максимов произлегоа повеќе поенти, помеѓу кои во оваа прилика ги издвојуваме само следните:

На оние припадници на канонската Црква коишто во своја близина немаат богослужбено место на Православната Охридска Архиепископија, подобро им е да се молат дома во недела, отколку да одат на служба во храм на непризнатата МПЦ, и уште истакна дека од неговите средби со свештеници на непризнатата МПЦ увидел дека тие не сфаќаат дека единството и соборноста на Црквата се предмет на нашата вера, којшто е содржан во Символот на православното исповедање на верата.

Текстот е извадок од официјалниот сајт на ПОА