Во интервјуто со Слободан Томиќ за „Гласот на слободна Македонија“, расколничките владици Петар и Агатангел направија еден чин после кој веќе е невозможно да се наречат македонски владици.

Тие одамна не можат да се наречат православни, бидејќи се во раскол со православието, но веќе по нивни избор се определија и да не бидат македонски владици, туку партиски владици во служба на една политичка партија.

Тие декларативно велат дека се за целиот народ, но како е тоа можно кога отворено застапуваат ставови исклучиво на една политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, отворено заземајќи ставови против сите неистомисленици на кои му припаѓа поголемиот дел од македонската нација?! После овие испади на Петар и Агатангел, Македонците кои не се согласуваат со ВМРО-ДПМНЕ, веќе не ги ни препознаваат Петар и Агатангел како македонски владици, туку како партиски активисти во мантија.

Недопуштиво е за еден пастир да фаќа партиска страна во вакви тешки околности. Петар и Агатангел да имаа христијанска свест ќе гледаа да ги обединуваат луѓето, но бидејќи очигледно не станува збор за црковни пастири, завземајќи ја партиската страна на ВМРО-ДПМНЕ, а против останатите, овие двајца партиски владици само продолжуваат да долеваат масло на огнот, разгорувајќи омраза помеѓу луѓето.