Меѓу темите разгледувани за време на подготовките за Сеправославниот Собор на Крит, оваа година, е и темата за прашањето на автономијата, начинот на нејзино стекнување, додека во подготвителните средби се зборуваше и за автокефалијата и начинот за нејзино прогласување.

Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г.г. Кирил, ги запознал членовите на Светиот Архиерејски Собор на Руската Православна Црква со акцентите од овој предсоборски процес.

Патријархот Кирил нагласил дека една црква ќе се стекне со автокефалија само со претходна согласност на Мајката Црква, по што треба да следува сеправославен консензус.

Дури потоа се издава Томос за автокефалија, кој го потпишуваат Претстојателите на сите канонски автокефални Цркви.

Според мислењето на Рускиот Патријарх, она што е важно е дека веќе постои општо прифаќање за неопходноста на консензус на сите Цркви, со што е исклучено секое еднострано делување во давањето автокефалија.

(Објавено на порталот http://www.mitropolija.com/)