Бог нè создал како одговорни и словесни личности способни самите да донесуваме одлуки, коишто имаат последици дури до вечноста. Затоа, мизерно е да си го погазуваме тоа свое достоинство, криејќи се зад идолот на безличниот колективитет.

Напротив, секој одговорен Христијанин е повикан без остаток да ги послуша вистинските пастирски зборови на светиот маченик Христов, Кипријан Епископот Картагински, којшто и денес неуморно и љубовно повикува:

„Доколу спасителниот совет не може да ги врати на патот на спасението некои од водачите на расколот и виновиците за отцепувњето, коишто си пребиваат во слепо и упорно безумие, тогаш, во секој случај, вие, уловени поради простодушие, или завлечени со измама или прелажани со какво и да е лукавство, растргнете ги подмолните мрежи, ослободете ги од заблудата вашите колебливи стапала, познајте ја правата врвица на Небесниот Пат.“

(De Unitate Ecclesiae)