Какво сожалување предизвикува за интелегенцијата на едeн слободномислечки христијанин од канонската Црква, кога гледа дека дојде ред: муслимани и глумци, декларирани неверници и протестанти, да ја бранат МПЦ и една одлука на Комунистичката партија од 1967 год., во однос на МПЦ, одлука според која, едноставно не е возможно да се поведува Православната Црква!

Колку е трагично кога личности кои се надвор од светотаинскиот живот на Црквата, се дрзнуваат јавно да коментираат одлуки на Православната Црква, а со тоа и да го „креираат“ ј(б)авното мислење во државата, создавајќи на тој начин –  еден своевиден неопримитивизам.

Тоа, за жал, ги покажува нивото, бедата и аутистичната идеолошка матрица до кои е спадната денес нашата држава, нашите медиуми, нашите интелектуалци, но најмногу нивото до кое е спадната расколничката МПЦ.

http://mrt.com.mk/node/13380
http://24vesti.mk/cuculovski-komichni-se-najavite-na-spc-za-sudenje-na-gg-stefan
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=47341
http://dnevnik.mk/?ItemID=CF7C25225F01FA448BBA47F99F61FE99