“Љубовта е во единството и единството е во љубовта“

Источните патријарси во “Окружната посланица од 1848 година“ пишуваат дека, чистотата на верата се чува во единството на љубовта, и дека надвор од единството не може да има чистота на вероисповеданието; Форма на единството е соборноста, која пак е сведок на живоста на Црквата и гарант на вистината.

Оваа посланица има канонско значење. Рушењето на единството на Црквата се случува преку расколите, кои го земаат и присвојуваат за себеси името и достоинството, на Црква. Затоа расколот претставува грев против единството и љубовта.

стр. 5, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001