Расколниците тврдат дека ја немаат напуштено Црквата, туку дека тие самите се Црква, дека имаат свој епископат и ја чуваат чистотата на верата.

Одговарајќи на овие горди претензии, светиот Кипријан пишува: „Може ли да му се верува на оној, кој не се држи до Единството на Црквата – дека тој ќе ја чува верата? Можеме ли да се надеваме дека оној кој постапува спротивно на Црквата, се наоѓа во Црквата, кога блажениот апостол Павле, покажувајќи ја тајната на Единството говори: „Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето“ (Ефес. 4, 5.)?

Тоа Единство треба силно да се поддржува и стамено да се брани.

стр. 7, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001