Светиот Кипријан изговара зборови кои звучат како разобличувачкиот глас на пророкот Илија: “Расколникот себеси се нарекува Христијанин како што и ѓаволот себеси, честопати лажно се нарекува Христос“. (Затоа) Расколникот, лажно го носи името Христијанин.

Секој пат кога расколникот себеси ќе се нарече со тоа име, тој лаже, а секој пат кога ќе се нарече слуга Божји, тој лицемери.

Со секое име напишано на Небеста, мора да стои и второ име – Христијанин. Според зборовите на светиот Кипријан, за расколниците името “Христијанин“ е изгубено, што значи – и нивните имиња се избришани од Книгата на Животот. Да го изгубиш името – значи дека си го изгубил своето достоинство, своето лице.

стр. 22, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001