
Расколот не е само еклисиолошка ерес, туку и нездрава психолошка состојба.
Светиот Кипријан Картагински ги наведува зборовите на Апостолот Павле (2Тим. 3, 1-3): „Ќе настапат тешки времиња…и луѓето ќе постанат самољубиви“, а потоа ги набројува и останатите особини на отпадниците. Една од причините за расколот е ранетото самољубие.
Секој расколник смета дека е неправедно заобиколен и навреден, и дека неговите “блескави” таленти и дарови му даваат право на посебно место во Црквата, а тој е неправедно лишен од тоа место.
Самољубивиот човек го мрази оној кој е на повисоко место од него, им завидува на оние кои се на еднакво рамниште и ги презира тие што се на пониска положба.
Тој во своето срце најпрво, се отуѓил од браќата свои, убивајќи ја љубовта кон нив, уште пред да постане расколник.
Напишете коментар