„До кога ќе трпиме?“ – го прашал ученикот својот авва, својот старец, аскет и пустиножител. „Зар има рок трпението? Ние треба да трпиме сè до самата смрт“ – одговорил старецот.

Ако непристрасно погледнеме како започнува расколот, ќе воочиме дека една од основните причини е токму оскудноста и губењето на трпението, како и ранетото самољубие, желбата за неправда, одбивањето да се износи својот Крст, и т.н.

Првото напукнување од кое се создава провалијата на расколот е: роптањето, кое преминува во злоставување и омраза кон послушанието.

Апостолот Павле, кога ги набројува главните одлики на духовната љубов, како прва од сите одлики, го наведува токму – долготрпението!

Духовната љубов себеси се осудува на Крст, затоа таа и не очекува нешто друго, освен Крстот!

Душевната љубов, пак, се плаши од страдањата и секогаш е во метеж, грижи и конфузија.

Но, духовната љубов ја гледа внатрешната смисла на страдањето. Во тоа е нејзината сила и нејзината голема радост, за која и светиот Јован Златоуст говореше, велејќи: „Со Христа, дури и во адот е добро“.

Стр. 19, 20 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001