
Свети Кипријан Картагински пишува: Ако најголемата заповед е љубовта кон Бога и кон луѓето, тогаш најголемиот грев е поделбата, бидејќи таа ја уништува љубовта.
Духовната љубов се остварува само во Црквата, која е образ на Царството Небесно и патот кон него.
Во светот постои љубов, но не духовна, туку емотивна, острастена. Таквата љубов ја нема благодатта за свој темел, туку непредвидливата и нестабилна човечка малодушност.
А, христијанската љубов е духовна љубов.
Расколот пак, е грев против таа духовна љубов.
Кај расколниците, можеби има остатоци од љубов, но на душевно ниво, како рушевини од срушена зграда. Tаква душевна љубов, на која не ѝ се туѓи ни милосрдието, ни состраданието, поседуваат и многу световни луѓе, а може да се види и во сите религии на светот.
Но, таквата љубов се вклопува и соживува само со гревот и страстите.
Христос донесе на земјата оган на друга љубов, без која, според Блажениот Августин „световните добродетели, не се ништо друго, туку светликави пороци“.
Напишете коментар