Мачеништво – тоа е исповедање на верата напишана со крвта на маченикот и посведочена со печатот на неговата смрт. Тоа е целосно посветување на Бога, кога вистината станува помила од животот. Зборот маченик за Христа, на грчкиот, а и на некои други јазици се именува како „сведок“. Но, за што би можел да сведочи маченикот – расколник? За својата гордост која е тврда и упорна како камен? За своето отпаѓање од Црквата кое станало неповратно и несовладливо како бездна?

Смртта на лежемаченикот – е исчезнување на секоја надеж, тоа е крик од безизлезното очајание. Свештеномаченикот Кипријан Картагински пишува: „Дури таквите расколници да претрпеле и смрт заради исповедањето на името Христово, нивната дамка нема да се измие ниту со самата крв. Непростливата и тешка вина на раздорот, не се чисти ниту со страдање.
Не може да биде маченик оној, кој не се наоѓа во Црквата. Не може да го достигне Царството оној, кој ја остава Црквата. Црквата е Таа на која и е ветено Царството. Не можат да пребиваат во Бога оние кои не посакаа да бидат единостуштни со Црквата Божја. Дури и да бидат предадени на мачење, изгорени во оган или фрлени како храна на ѕверовите, ниту тоа нема да им биде венец за верата, туку казна за отпадништвото. Тоа нема да е славен крај на благочестивиот подвиг, туку ќе биде исход на очајот“.

Стр. 18, 19 «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001