„Љубовта не се гордее“ (1 Кор. 13, 4).

Расколот е пород на гордоста, затоа гордиот во расклот чувствува на себеси сроден дух.

Гордоста е самообожување. Гордиот го мрази својот добротвор и враќа зло за доброто, токму поради тоа што не сака да биде благодарен никому. Помошта од другите, тој ја доживува како сведоштво за својата слабост. Ако љубовта има антипод, тогаш тоа е гордоста. Бидејќи два бога не може да има, гордиот или го мрази или го негира Бога. Гордото срце не може да ја прими благодатта, а гордиот ум смета дека нему, не му е потребна Божјата помош. Гордата душа не е во состојба да го љуби својот Создател.

стр. 20. «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001