Свештеномаченикот Кипријан Картагински говори дека Плотта Христова – Светињата Господова, не може да биде изнесена „од домот“, а за Христијаните нема друг дом, освен Едната Црква. Тоа значи дека надвор од Црквата не може да има Таинства.

Имитацијата на Таинствата, која ја прават расколниците е навреда на Бога, противоборство во однос на Светиот Дух, Којшто пребива во Црквата.

Тој ги прашува расколниците: „Дали мислиш дека можеш да стоиш и живееш во оддалеченост од Црквата, градејќи за себе си други живеалишта?“ И додава: „Додека си во оградата на Црквата, ти си во овчото трло и таму си сигурен, излезеш ли од него – те зграпчува лутиот ѕвер“.

стр. 13 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001