Во расколот, и молитвата и милостината се храна за гордоста – тие не се добродетели, туку спротивставување на Црквата. Расколничкото покажано добро претставува само средство за оттргнување на луѓето од Црквата. Затоа во расколот скоро и да нема тајна милостина. Сатаната не само што не прави препреки, туку и се радува на „подвижништвото“ на расколниците и еретиците, зошто и самиот е „подвижник“ во борбата против Бога. Нему, не му е страшна молитвата од гордото срце, зошто за таквиот во Светото Писмо е речено: „Молитвата негова да се прими за грев“ (Пс. 108, 7)

Сатаната ги изуми расколите и ересите за да ја собори верата, да ја измени вистината, да го растргне единството. Тој е изумител на расколите и ересите и духовен отец на сите отпадници од Црквата. Од неговата утроба течат мртвите води на расколот, кои почнуваат од адот и се растекуваат по целата земја.

стр. 4 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001