
Расколникот не може да ги љуби оние кои се наоѓаат во Црквата, затоа што се тие живо разобличување на неговото отпадништво.
Првиот расколник на небото беше сатаната, а на земјата Каин. Причина за расколот на Небото беше гордоста, а на земјата – зависта, која доведе до братоубиство. Во секој раскол присутен е духот на братоубиството, зошто расколот е убиство на љубовта и нарушување на единството.
Раскол – тоа е убиство на душите, убиство на оние кои се намамени во него.
Во родот Каинов немаше ниту еден праведник. Во претпотопното време постоеја на земјата две Цркви: Црквата Божја од потомците на Сит, и црква на сатаната од потомците на Каин. Племето Каиново е слика на расколот, во која не може да има свети, зошто во него нема Свет Дух.
Напишете коментар