Во расколот духовноста е фалсификувана со душевност. Во него може да има огненост и страсност, но го нема оној мир, за кој Господ рече: „Мирот Свој ви го давам“(Јн. 14, 27). Мир – како, со ништо не нарушена состојба на срцето. Состојба, која не се колеба на надворешните промени и не зависи од конкретните ситуации.

Мирот Божји – тоа е укинување на сите внатрешни противречности кои ја растргнуваат душата и ѝ носат немоќ. Тоа е благодат на Светиот Дух која открива нов и непознат живот, во споредба со земскиот кој е како сон.

Во расколот го нема ни едното, ни другото, туку во него, се поцврсто се врзуваат јазлите на противречноста и наместо благодатта, во расколот делува распаленоста на сопствената фантазија, а гордото срце, живее во светот на вообразеноста за сопствената величина.

стр. 17 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001