Раскол – тоа е испитување на верата!

На двоумењата на некои луѓе: зошто Семоќниот Бог допушта расколи и ереси, Картагинскиот светител одговара: „Господ, почитувајќи ја нашата слободна волја, допушта да се случува ова, за преку искушенијата на нашите мисли и срца да се одмери вистината, и во јасно светло да се покаже чистата вера“.

Меѓутоа расколот не престанува да биде зло, без оглед на тоа што неговите последици можат да бидат и корисни за Црквата. Најголемото благо дело за човештвото е Голготската Жртва, но поради тоа не го фалиме и не му благодариме на Јуда, што содејствуваше во неа со своето предавство. Среброљубивата душа и злата волја на Јуда го турнаа во злодело, но Крстот Господов се покажа како меч што го порази сатаната.

стр. 14, 15 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001