Прогоните, ересите и расколите – тоа e сè пород демонски! И самиот демон со своето зло содејствува во победа над доброто. Но, прогоните, ересите и расколите ја чистат Црквата, како што огнот го чисти среброто, бидејќи во срцата на многумина христијани се наоѓа волчешко ѕверство, кучешко беснило, смртоносен змиски отров и секаква крвожедна лутина. Сето ова претставува неискоренети страсти, кои ги убиваат христијаните, како што среброљубието го погуби Јуда.

Затоа, треба да се радуваме кога луѓе како овие се одвоени од Црквата, за да не ги погубат со својата свирепа зараза гулабите и овците Христови.

стр. 14 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001