„Кој не собира со Мене, тој растура“ (Мат. 12, 30). Објаснувајќи ги овие зборови, свештеномаченикот Кипријан Картагински вели дека само во Црквата можат да се собираат плодови, а надвор од Црквата колку и жетварот да се труди, резултатот и наградата негова ќе бидат само трева и трње, зошто оној кој собира на друго место, а не во Црквата, тој ја растура Црквата Христова. Оној кој незаконски собира и присвојува туѓо богатство, тој го мами и краде законскиот сопственик, па така и оние кои заведуваат луѓе и ги примамуваат кон расколите и ересите – го одземаат од Црквата единствениот нејзин имот и богатство Божјо – живите души човечки. Таквиот грабливец, кон човечките души постапува како измамник, кон Бога како крадец, а кон Црквата како разбојник.

Затоа епископите кои ја оставаат Црквата, а и оние кои надвор од законската хиротонија го крадат достоинството на епископ, стануваат слуги на сатаната и епископи на Луцифер. Ете со такви „духовни отци“ се фали расколот.

Оние кои крадат во туѓа куќа и го грабаат имотот, се нарекуваат крадци и грабливци, та подлежат на суд, а расколниците епископи кои крадат во туѓи епархии како грабливци во ноќта, низ подземни канали, и кои го крадат, не имотот, туку туѓите души: како нив да ги наречеме?

Крадци и разбојници – тоа звучи премногу меко, затоа што тие „епископи“ се всушност „свештени” крадци и убијци и за нив не постои закон. За нив како самопрогласени узурпатори, закон е нивната сопствена волја и опседнатост со властољубие.

стр. 11, 8 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001