Ноевата арка – тоа е слика на Црквата, а надвор од Црквата нема спасение.

Секој раскол – е обид да се помине без арка, обид за спасување со сопствени сили, како со мал чамец од неколку греди. Кога почна потопот, луѓето се фрлаа кон арката, но таа беше веќе затворена. Така и Црквата ги повикува луѓето на покајание до Страшниот Суд, но кога Господ ќе дојде на земјата да суди на живите и мртвите, вратата на Црквата ќе се затвори.

Ноевата арка остана спасително место според укажувањето Господово, но луѓето не го послушаа гласот на пророкот и доброволно одбраа смрт. Ѕверовите се спасуваат во арката, а луѓето гинат. Тоа е така симболично, како што и грешниците кои се каат го здобиваат Царството Небесно, а гордите луѓе завршуваат на дното на морето.

Расколниците кои ја презираат Црквата, се слични на оние кои на Ноевиот повик одговараа: „како можам јас да бидам на исто место со живината и стоката!“

стр. 11 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001