Свештеномаченикот Кипријан Картагински пишува: „Оној кој се наоѓа надвор од Црквата би можел да се спаси, исто колку што би можеле да се спасат оние кои се наоѓаа надвор од Ноевата арка“.

По древното предание, Ное ја градеше арката стотина години. За тоа време, тој ги повикуваше своите сонародници на покајание и со самото тоа да го одвратат гневот Божји, но тие на неговите пророштва се потсмеваа. Според зборовите на Писмото, тогаш „луѓето станаа плот“ (1 Мој. 6, 3). Плот, што во потполност го проголтала нивниот дух. Станаа, налик на земја од која беа создадени телата на прво настанатите луѓе, но земја, не оживотворена од Духот Божји.

И како што, само на светлина можат да се видат сенки, бидејќи во мракот тие исчезнуваат, така само преку светлината на совеста, човекот ја гледа својата грешност и потребата од покајание. Кога ќе заспие совеста, човекот престанува да ги гледа своите грешки и ја губи способноста да го разликува доброто од лошото.

стр. 10 . «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001