Расколникот не се придржува кон законите Божји, затоа што Единството на Црквата – е токму закон Божји, даден и на Синај и на Сион.

Црквата е создадена по образот на Света Троица. Господ, пред Своето страдање, Го молеше Небесниот Отец за учениците: „да бидат (и тие) едно, како што сме Ние (едно)“ (Јн. 17, 22). Тоа е волјата Божја, тоа е основата на двете главни заповеди – за љубовта кон Бога и на едните кон другите. Тоа единство е онтолошко, вечно, непроменливо својство на Црквата!

Свети Кипријан Картагински вели: „А оној, кој не го чува и не се придржува кон тоа единство, не се придржува ни кон Божјите закони, не ја чува ни верата во Отецот и Синот и не се држи до вистинскиот пат на спасението“.

стр. 9, 11. «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001