Епископ – расколник – тоа е самопрогласен епископ кој себеси се спротивставил на Црквата, подобие на паднатиот ангел, кој го следи повикот на сатаната.

Расколниците говорат: „Нашите сегашни епископи или оние кои ги ракополагаа нашите едномисленици во епископи на почетокот од расколот, ја добиеја хиротонијата во Црквата“. Но и Луцифер исто така доби достоинство и име на првоангел во Небеската Црква, па дали тоа му помогна? Напротив, даровите Божји кој тој ги занемари, љубовта Божја која ја издаде, убавината и сјајот со која беше даруван, повеќе од сите останати ангели, му послужија за вечна осуда, за онаа идна мака која Св. Јован Богослов ја споредува со огнено езеро (Откр. 20, 10).

стр. 7. «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001