Лажеепископ – тоа е крадец кој се преоблекол како цар.

Свештеномаченикот Кипријан Картагински пишува дека таквиот човек, уште пред Страшниот Суд си донел пресуда над себе си. Така, иако живи, водачите на расколите и лажеепископите, уште сега се наоѓаат во адот. Тие не само што се жртви на адот, туку се и ловци за адот, намамувајќи ги другите во него.

Светителот за нив вели дека во Псалмите се наречени: „седнати на седиштата од погубителите“, чир и зараза за верата, со змиски усти заведувачи на луѓето, кои блујат смртоносен ад, луѓе, чиј збор како жива рана разјадува сè околу себе и чија беседа влева смртна зараза во срцето на секого. „Чирот“ – тоа е жива, гнила рана, „заразата“ – тоа е болест која брзо се шири, „змиската уста“ – тоа е скриената опасност. Во расколот гревот се крие под маската на благочестието. Расколниците се искусни и вешти во превртување на вистината. А, како и не би биле искусни и вешти, кога нивниот отец – ѓаволот, ги соблазни и прародителите не со директна лага, туку со изопачена вистина.

стр. 15, 16. «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001