
Светителот Кипријан зборува дека расколниците не се обраќаат кон почетокот на вистината, а тоа е Светото Писмо, инаку би им било лесно да се уверат со кратко излагање на вистината.
Расколниците ги забораваат зборовите на Спасителот, Кој рече дека ќе ја соѕида Црквата – „на каменот на таа вера“ и „ни вратите на пеколот нема да ја надвладеат“. Според тоа, расколот е неверување во зборовите Божји и малодушност пред силите на адот, кои Христос ги победи.
Расколот – е спротивставување на евангелската Вистина, со човечка претстава за вистината, спротивставување на Божествениот Логос, со пајажината на своите човечки расудувања.
А верата пак – е подвиг на духот кој ги совладува сите сомнежи и испитувања.
Напишете коментар