
Црквата е налик на тврдина, а прогоните над неа се како напади на таа тврдина. Расколот пак, претставува заговор и метеж внатре во самата тврдината и поделба во редовите меѓу нејзините бранители.
Прогоните се стрели кои летаат кон градите и лицето, и од кои сеуште некако дури и можеш да се заштитиш. Но расколот – е неочекувано забивање нож в грб.
Демонот сака да ги разруши ѕидините на Православната тврдина одвнатре. Затоа расколот е да повториме налик на метеж во опколена тврдина, каде нејзините бранители мораат истовремено да се борат и против надворешните и против внатрешните непријатели.
Напишете коментар