Расколничка е болест преголема. Како и да се постави Црквата кон расколниците, нив не им чини.

Прво, Митрополитот г. Амфилохиј рекол дека ќе го покани шизматичкиот митрполит г. Тимотеј, и веднаш партиските платеници, то ест новинарчиња со партиска вероисповест, повикуваат дека шизиматиците треба да се пазат од слатките изјави на Митрополитот г. Амфилохиј. Тоа што во цивилизираниот свет е нормално да се упатуваат покани за средба, кај партиските верници предизвикува претпазливост од слатки зборови. Мракот во гетото на шизмата е толку јак што еден зрак светлина од Црквата тотално ги ослепува.

Второ, шизматичките монаси од Бигорски ги пренеле ставовите на бачкиот Епископ г. Иринеј, зошто не ја потпишал шестата точка на Соборот од Крит. Симптоматично е тоа што пренесуваат нешто што тотално не се однесува на нив и со тоа сакаат да предизвикаат атмосфера на забуна и ситење кај неупатените. Наместо да се запрашаат зошто нивната  шизматичка МПЦ не беше на Крит, наместо да ја согледаат слободата во Црквата – дека ако некој Епископ не сака да потпише некој документ, тоа е негово право на избор, бигорските шизматици пренесуваат текст на човек по кој цела шизматичка МПЦ фрла дрвја и камења. Така е кога глумат православно монаштво и црква, а во суштина не се. Сега ќе очекуваме да објават уште некој текст од бачкиот Епископ од неговото богато теолошко дело.

Трето, после незаборавната изјава на шефот на кабинет г. Бобан: „Ние сме де факто дел од православието, сакал тоа некој да го прифати или не“, од шизматичката МПЦ веќе ништо не треба да ја изненади домашната јавност. Можно е утре г. Стефан да излезе на улица и да рече: јас сум де факто Наполеон, сакал тоа некој да го прифати или не. Зашто која е разликата меѓу ваквата можна изјава на г. Стефан и изјавата на неговиот шеф на кабинет г. Бобан?

Расколничката болест е навистина преголема. Некој ќе ги покани шизматиците од синодот на МПЦ на средба, тие на тоа гледаат со сомнеж, наместо да се спремни секогаш да се сретнат, ваљда утре ќе треба да се сретнат и со ПОА ако сакаат единство. Некој во Црквата ќе напише нешто за Соборот на Крит и некои шизматички монаси мислат дека готово водата тргна на нивна воденица, а не гледаат дека тонат и се дават во тоа што си го нашле лепчето во расколот. И, ќе се најдат секогаш некои наполеоновци кои ќе тврдат дека де факто се тоа, а дали некој ги признава или не, баш им е гајле. Обично така е во соодветните медицински институции – баш им е гајле.