
Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на денот на прославата на светите три Јерарси: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст служеше Литургија во Новодевичкиот манастир посветен на Воскресението Христово во Санкт Петербург.
Вечерта, во Новодевичкиот манастир, кадешто престојува Неговото Блаженство, го посети Митрополитот црногорско – приморски г. Амфилохиј, кој ден претходно беше промовиран во почесен доктор на духовната академија во Санкт Петербург.
Извор: poa-info.org
Напишете коментар