Пред 15 години, кога Архиепископот Охридски Јован тргна по црковен пат да го решава проблемот на МПЦ, мнозина новинари истапија против, без притоа да го соопштат начинот на кој би се решил црковниот проблем.

Тодор Петров дури собра и луѓе да протестираат против црковното решение.

Денес, кога МПЦ без да ја информира јавноста, го мести македонскиот народ да го прифати бугарскиот патријарх за духовен татко, а бугарската црква за мајка, јавноста е како издишан балон. А, каде е сега Тодор Петров да протестира пред МПЦ?

Пред 15 години, Архиепископот Јован и ПОА беа предавници и непријатели, а всушност обезбедија црковно решение и најширока автономија (и со нив ќе се разговара за автокефалија), а сега МПЦ од антички стануваат Бугари, па јавноста сама нека процени, кој е што, во случајов!!!

Ќе покаже ли земјава демократски капацитет барем да отвори дебата по ова прашање?